Американскиот национален центар за урагани денеска соопшти дека тропската бура Поло прераснала во ураган на пацифичкиот брег кај Мексико, со брзина на ветерот од 120 километри на час и можност за натамошно јакнење.
Поло се наоѓаше синоќа околу 290 километри од пристаништето Мансанило и се движи кон запад со брзина од десет километри на час долж брегот.
Во исто време, околу 25.000 туристи и натаму се „заробени“ на полуостровот Долна Калифорнија во севернозападниот дел на Мексико, два дена откако ураганот Одил го погоди тоа подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.