
Американскиот амбасадор во Србија, Мајкл Кирби, изрази незадоволство од најавите дека Србија го очекува рускиот претседател Владимир Путин на одбележувањето на 70-годишнината од ослободувањето на Белград во Втората светска војна.
– Сè уште не е сигурно дали Путин ќе дојде, но ако се случи тоа – зошто доаѓа? Поради прославата на годишнината од ослободувањето на Белград? А Белград е ослободен и од Третата укранска армија (група армии од Третиот украински фронт) како дел од Црвената армија – рекол Кирби во интервју за „Вечерњи новости“.

Мајкл Кирби
Кирби потсетил дека во составот на Советскиот Сојуз биле повеќе народи и републики и прашал, дали покрај Путин се повикани и другите, од сеганиште независни држави кои тогаш учествувале во ослободувањето на Белград?
– Може да имате добри односи и со Русија и со Кина и со САД. Но нашиот став за посетите на кинеските и на руските официјални лица се различни. Кинезите во скоро време никого не нападнале, а Русите нападнаа. Тоа треба да се има на ум – рекол Кирби на прашањето за тоа како САД гледаат на најавената посета на Србија на Путин во октомври и на кинескиот премиер во декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


