| четврток, 6 декември 2018 |

Промискуитетот ни е запишан во гените

Generic pic of a couple in a bar.

Посветеноста и верноста  само кон еден партнер е дел од еволуцијата на човечкиот вид и на самиот човек иако моногамијата се спротивставува на основните човечки пориви, утврдија научниците.

Сексуалната ексклузивност во човечкото општество дошла по земјоделските реформи и појавата на приватната сопственост, но таа не ја промени човечката природа, тврди д-р Кристофер Рајан, авторот на книгата „Секс и зора“, во која се анализира историјата на човечката сексуалност.

„Поборниците за моногамија мора да научат да пливаат спротивно од струјата која ни ја остави еволуцискиот развој“, смета д-р Рајан.

Анализирајќи го сексуалното однесување на најблиските примати сродни на човекот, но и однесувањето на луѓето од нивното постоење, дошол до заклучок дека сексуалноста кај луѓето еволуирала како и многу други карактеристики – пишува „ArsTechinca“.

Од појавата на модерните луѓе сексуалноста станала емоционално зближувачка, а не потреба за потомство, како што тоа било некогаш. Тој истакнува дека идејата за моногамија е само уште една функција на културното и социјално општество, на ист начин како што е и почитувањето на моралните норми.

– Моногамијата не е лесна, ниту пак е за секого. Но, оние кои тврдат дека не се родени да бидат моногамни се во право затоа што поголемиот дел од цицачите и не се. Но, луѓето се интелигентни суштества и може да избираатслободно – истакнува д-р Рајан.

Многубројни поддржувачи на д-р Рајан во научните кругови се согласуваат дека луѓето не треба да го прифатат фактот дека жените се од Венера, а мажите од Марс, туку дека и двата пола се од Африка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top