Лекарот кој ги оперирал гласните жици на Џоан Риверс (81) додека комичарката била под анестезија, застанал за да направи селфи со неа. Неколку моменти подоцна Џоан паднала во кома. Името на лекарот не ѝ е познато на јавноста, но се верува дека е во прашање личниот оториноларинголог на семејството Риверс.
Претходно началникот на клиниката д-р Лоренс Коен извршил ендоскопија. Постапката на вметнување цевка низ грло требало да открие поради што гласот на комичарката е зарипнат.
Сега, наводно, се зборува дека биопсијата е направена без претходна согласност на Џоан.
Службените лица кои го истражуваат овој случај веруваат дека гласните жици на Џоан почнале да отекуваат по лошата биопсија, што довело до тоа на глумицата да не ѝ доаѓа кислородот во белите дробови.
Комичарката Џоан Риверс (81) доживеала компликации во текот на операцијата, кога во еден момент престанала да дише. На апарати ја приклучиле на 29 август, а повеќе од десет луѓе се обидувале да ја оживеат, меѓутоа безуспешно.
Џоан Риверс почина на 4 септември во њујоршката болница „Маунт Синај“ на Менхетн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.