Селото Подвршка во општина Кладово е најмногу погодено од катастрофалните поплави во источниот дел од Србија.
Сведоците велат дека две третини од селото е покриено со кал. Штетата е огромна, а токму овде е забележана и една човечка жртва од поплавите, 84-годишната женичка. Поплавени се повеќе од 20 куќи и речиси целото село тоне во кал. Според некои извештаи, калта достигнала дури до вториот кат на некои куќи.
На жителите на ова село им се потребни пумпи, храна, хигиенски средства, вода и пелени. Многу од жителите одбиваат да се евакуираат за да можат да ја спасат стоката која е загрозена поради водата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.