| четврток, 6 декември 2018 |

Познат француски естетски хирург ги подучува своите колеги во Македонија

Kardiohirurgija(1)

Французинот кој разубавил многу лица од светскиот џет сет од синоќа оперира и во Македонија. Познатиот естетски хирург Ерик Дунет за време на неговиот престој на Клиниката за пластична хирургија заедно со македонски лекари ќе изврши реконструкција на дојките на шест пациентки кои поради карцином останале без една града. Првата ваква операција успешно е направена вчера.

Дунет, кој работи (естетска хирургија, реконструкција на гради што е негова специјалност, како и хирургија на врат) во три болници во Париз, веќе една недела на хирурзите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија им го пренесува своето знаење и искуство во областа на реконструкција на дојка и естетски операции на лице.

Дунет изјави дека рече дека земањето масно ткиво од телото може да биде полесно за реконструкција на градата, но исто така и за подмладување на лицето. Колегите, посочи тој, се многу добри и само можам да им донесам некои мали детали.

Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија Смиља Туџарова укажа на неколку интервенции кои ги правеле. Се заблагодари до Министерството за здравство што го донело стручниот професор Ерик Дунет.

Додаде дека наместо еден да биде едуциран во странство сите 14 пластични хирурзи од Клиниката имаат чест да се запознаат со знаењето и искуството на Дунет во областа на реконструкција на дојка и естетски операции на лице.

Како и секој пластичен хирург и доктор Дунет ја почитуваше приватноста на пациентите. Иако списокот бил долг, не откри ниту една светска Вип личност која била на разубавување во неговата болница во Париз сместена на познатата улица Шанзелизе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top