| четврток, 6 декември 2018 |

Законски измени: Во оглас за вработување мора да има и плата

oglas

Работодавците што објавуваат оглас за вработување мора да ја назначат основната плата и работното време. Ако не го сторат тоа, нема да можат да го пријават работникот во Агенцијата за вработување, пишува „Вест“.

Ова е дел од последните измени на Законот за работни односи, кои стапија во сила на 19 февруари. Сепак, пишува весникот, минатата недела беа објавени огласи без назначена плата и работно време.

– Веројатно се работи за неинформираност на фирмите, за што ќе реагира Трудовиот инспекторат со укажување – вели Давор Политов, портпарол на Министерството за труд и социјална политика. Тој вели дека овие огласи ќе треба да бидат објавени уште еднаш или ќе се сметаат за невалидни.

Новите правила се воведени затоа што луѓето имаат право да знаат под кои услови ќе работат уште пред да аплицираат за определено работно место, пишува „Вест“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top