ИФФК „Браќа Mанаки“ и Вип објавуваат дека славниот кинематографер, добитник на годинeшнава „Златна камера 300“ за животно дело, оскаровецот Крис Менџис, рано наутро си замина од Македонија. По четиридневниот престој во Битола, за фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ рече дека е воодушевен од тоа колкаво внимание им се отстапува на кинематограферите.
– Фестивалот убаво нè пречека, прекрасно си поминавме, навистина е возбудливо што Македонија и овој фестивал ги ценат кинематограферите и нивната работа. Тоа за нас е голема чест. Особено е голема чест што овде се дава шанса нашата работа да биде во центарот на вниманието – рече Менџис, кој е легенда на светската кинематографија.
Меѓу другото, големиот брирански кинематографер рече дека му се допаднало што дошла и славната Жулиет Бинош.
– Мислам дека таа е навистина прекрасна – рече Менџис.
Според него, публиката на филмските фестивали, насекаде низ светот, сака црвени килими и убаво е кога се прославува уметноста на филмот.
Со сличен став е и добитникот на специјалната „Златна камера 300“, оскаровецот Лука Бигаци, еден од најпочитуваните италијански кинематографери. Веднаш по враќањето дома испрати писмо до фестивалот.
„Прекрасни работи доживеав во Битола. Го гледав и филмот „Мамо“ за кој сметам дека е еден од најдобрите што сум ги гледал во животот. Фестивалот „Браќа Манаки“ е мојот омилен фестивал. Освен тоа, мислам дека Лабина и целата екипа на фестивалот прават сè за тој да биде фантастичен и фокусиран на вистинските нешта – пишува Бигаци.
Минатата ноќ во преполната сала на проекцијата на филмот Левијатан пак се обрати кинематограферот Михаил Кричман од Русија.
– Пред малку го проверив квалитетот на проекцијата на филмот и можам да кажам дека Фестивалот е на второто место веднаш после Канскиот по тоа како изгледаат сликата и тонот – рече Кричман.
Филмот на Кричман од страна на критичарите е веќе карактеризиран како ремек дело.
Русинот во 2010 година ја има освоено „Сребрената камера 300“ во Битола, а се обрати и на редовната утринска прес-конференција.
-Филмот сè уште не се прикажува во Русија, под изговор дека содржи премногу вулгаризми. Најавено е дека филмот ќе почне да се прикажува од 1 јануари, но заради цензурата, ова е уште неизвесно – рече Кричман.
Тој се согласи дека главните карактеристики на овој филм се убавината и безнадежноста. Говореше за тоа дека природните пејзажи и нивниот избор играат значајна улога во приказната.
– За мене е важна локацијата, таа, заедно со дејствието ја раскажува приказната – вели Кричман.
Од филмот „Бетонска ноќ“, дел од официјалната програма, во Битола пристигна кинематограферот Петер Фликенберг од Финска. Тој го претстави овој урбан филм кој е снимен во црнобела техника и рече дека во Финска само Аки Каурисмаки би можел да снима црнобел филм.
-Среќен сум што режисерката Пирјо Хонкасало ме покани мене да го снимам овој филм зашто беше вистински предизвик. Сигурен сум дека многумина мои колеги ми завидува што работев со Пирјо, зашто нејзините остварувања се многу почитувани – рече Фликенберг.
Денес во Битола се одржува и Третата балканска конференција, во соработка со ИМАГО, европската асоцијација на кинематограферите. Она што се очекува од конференцијата се заклучоци кои наредната година, во вид на потенцирани проблеми со кои се соочуваат кинематограферите на Балканот, ќе бидат пренесени во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст