| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Џорлев и се приклучи на кампањата за безбедност во сообраќајот

Виолинистот Зоран Џорлев се приклучи на кампањата за безбедност во сообраќајот.

-Мојата професија бара чести патувања надвор од градот. Јас сум навистина совесен шофер. Независно дали се движам низ градот, или патувам некаде надвор од него, секогаш го ставам сигурносниот појас. Луѓето често знаат да го игнорираат сигурносниот појас додека се движат низ градот, затоа апелирам дека не постојат исклучоци. Важно е да се почитуваат правилата не само за да се избегнат казните, туку за да се избегнат незгодите, вели Џорлев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top