| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Еболата e надвор од контрола, мора да се реагира брзо

Special isolation station in Munich

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека епидемијата на ебола во западноафриканските земји излегува од контрола и ја повика меѓународната заедница брзо да делува и го запре ширењето на болеста пред да бидат заразени над стотина илјади луѓе.

– Во Западна Африка има епидемија на ебола, каква што досега немаме видено. Таа излегува од контрола и се влошува – изјави Обама, за време на посетата на Центарот за контрола и превенија на болеста, во Атланта.

Обама истакна дека светот очекува од САД да се ангажираат за прашањето со епидемијата на ебола, додавајќи дека Америка ја прифаќа таа одговорност. Од епидемијата на ебола во Западна Африка досега починаа над 2.400 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top