| четврток, 6 декември 2018 |

Од детска ѕвезда до алкохоличар и зависник (ФОТО)

Здраво, јас сум Али и сум алкохоличарка, напиша 33-годишната актерката Алисан Портер на својот блог и ја откри вистината за својата долгогодишна борба со зависностите.

alisan-porter-detska-zvezda-01

Алисон ни е позната како Кадравата Су од истоимениот филм од 1991 година, а преку долгиот пост сакала, вели, да ја извести јавноста за својата болест.

– Веројатно не го очекувавте ова од мене. Всушност, можеби сте го очекувале бидејќи бев детска ѕвезда. Сеедно, тоа е вистина. Трезна сум од 28 октомври 2007 година и не сум допрела дрога и алкохол одтогаш. Не пијам затоа што не сакам да пропуштам ни момент од моите обврски. А, многу денови сакам да се напијам бидејќи сум човек, а животот е тежок, но не пијам. Трезноста ми понуди нешто што отсекогаш го сакав, а никогаш не го добив – напиша таа на својот блог.

alisan-porter-detska-zvezda-02

Алисан денес е мажена жена и мајка на две деца, двегодишниот Мејсон и четиримесечната Арија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top