| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто Кајмакоски не беше на свадба кај Јоксимовиќ?

Zeljko Joksimovic 10 (Custom)

Зошто  Даниел Кајмакоски не присуствуваше на црковната венчавка на пејачот  Жељко Јоксимовиќ? Како што пренесува порталот„Убавина и здравје“, според некои српски медиуми наводно пукнала тиквата меѓу поранешниот ментор и ученикот, а причина за кавгата биле се почестите несогласувања кои ги имало меѓу нив двајца, а во однос на агажманите за кои Даниел морал да се поајавува, а не добивал ни скршен денар.

Другата верзија е дека меѓу Жељко и Даниел се уште цветат рози. Единствена причина поради која тој не присуствувал на венчавката е затоа што Даниел бил болен. Фатил грип па морал да одмара во кревет, a поради настинката наводно биле и откажани и некои негови спонзорски активности за „Ладна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top