| четврток, 6 декември 2018 |

Руската атомска подморница „Владимир Мономах“ заплива во Белото море и лансираше интерконтиненталната балистичка ракета „Булава“

Руската атомска подморница „Владимир Мономах“ заплива во Белото море и изврши лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Булава“

Успешното лансирање на „Булава“ го завршува зацврстувањето на руската „нуклеарна тријада“ на копно, во вода и во воздух. Обновувањето на нуклеарните стратешки подводници е мошне актуелно за вооружените сили на Русија. И ова не е „покажување мускули“ од страна на Владимир Путин. Всушност, претседателот мора одново да ја оформува флотата која почна да се разурнува во деведесеттите години од минатиот век.

Подморниците со стратешка намена од класата „Бореј“ продолжуваат да ја обновуваат руската флота. За успешното лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета со нуклеарно полнење „Булава“ на полигонот Кура на Камчатка беше соопштено на 10 септември од страна на претставникот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top