Голманот Рето Фелдер од швајцарскиот фудбалски клуб Мурија се закани дека ќе ги тужи навивачите на Баден кои за време на натпреварот наместо вода му подметнале урина.
Фелдер изјави дека му било многу тешко кога се напил од шишето и заклучил дека во него наместо вода има урина. Според швајцарските медиуми засега непознати хулигани го наговориле собирачот на топки во текот на второто полувреме да го замени шишето кое стоеше покрај голот. Кога Фелдер сфатил што пие, противничките навивачи му скандирале „Сега имаш сида“.
Неверување за настанот искажа тренерот на Мурија Бат Хубел.
– Ова е шокантно. И јас сум играл фудбал и сум се соочувал со многу непријатности, ама овој настан ги пречекорува сите граници, рече Хубел.
Извинување до голманот дојде од претседателот на Баден Томи Браун кој изјави дека клубот спроведува внатрешна истрага за овој инцидент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хорор во белградскиот затвор: Сплитскиот хулиган заврши на психијатрија, по нападот од озлогласен убиец
-
Oбраќање до хулиганите: Прашајте се колку болни деца би дале сè за вашето здравје, кое вие го трошите од бес!
-
Донарума заплака по навредите од навивачите (видео)
-
Армија хулигани преспаа во станица (ВИДЕО)


