Ако сте од оние на кои медитацијата им е составен дел од животот, нема да ве изненадат резултатите на најновите истражувања – медитацијата може да поттикне промена на гените.
Научници од универзитети од САД, Шпанија и Франција утврдиле дека медитацијата го запира производството на протеини кои ги контролираат гените вклучени во појава на воспаленија.
Медитацијата отсекогаш се сметала за идеален начин за опуштање, таа ни помага успешно да носиме со емоциите, подобо да ги разбереме и свесно да можеме да ги менуваме. Се повеќе научни истражувања го докажуваат нејзиното позитивно влијание на мозокот, а со тоа и на целокупното здравје.
Се покажало дека по осум часа медитација доаѓа до низа промени во експресијата на гените кои е можно да се поврзат и со побрзо опоравување во стресни ситуации. Активноста на гените кои спречуваат болести се зголемила кај оние кои медитираат, додека активноста на оние кои поттикнуваат развој на болести се намалила.
Ова сознание на научниците им е многу битно, бидејќи повеќето луѓе сметаат дека не можат да се борат против она што е запишано во гените.
– Количината во која некои гени се регулираат со медитација е поврзана со побрзо ослободување на хормонот кортизол во стресни ситуации, пренесува списанието „Medical News Today“.
Останатите студии ја поврзуваат медитацијата со намалување на стресот, подобро варење, полесно лекување настинка и регулација на крвниот притисок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Графика на Енциклопедија Британика и Ројтерс за Велигден: Дознајте од каде потекнува името Велигден, положбите за медитација во постот…
-
Јапонска техника за ослободување од стрес (видео)
-
Еден милион деца медитираат во Тајланд за мир во светот
-
Медитација или мастурбација: Жени им плаќаат на странци и по 200 евра за да им го прават ова (ВИДЕО +18)


