| четврток, 6 декември 2018 |

Кој сѐ беше гостин на венчавката на Жељко и Јована (фото)

Во неделата во црквата „Св. Александар Невски“ во Белград на вечна љубов се заколнаа Жељко Јоксимовиќ (42 ) и неговата избраничка Јована (33).

Најважен гостин беше нивниот четиримесечен син Коста, кој во црквата го внесе Жељко, а во прегратките на неговата мајка се најде кога церемонијата заврши. Ова беше првпат тие да го покажат синот јавно.

Меѓу бројните познати гости биле Лепа Брена, Јелена Томашевиќ, Иван Босиљчиќ, Чедомир Јовановиќ, Драган Бјелогрлиќ и многу други славни имиња кои придонесоа за уште поголемо расположение и забава.

– Мислам дека Јована и Жељко ова го организираа за добро да си поминат со своите пријатели. Ќе им посакам сѐ најдобро, но зошто и да не запеам – изјавила Цеца пред влезот во ресторанот.

5zelko.jpg500 4zelko.jpg500 3zelko.jpg500 2zelko.jpg500

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top