| четврток, 6 декември 2018 |

В.д. директорот на болницата во Кичево незаконски вработувал медицински сестри

В.д. директорот на Општа болница во Кичево заработил кривична пријава поради злоупотреба на службената положба.

bolnica-kicevo

На 14 мај оваа година, пријавениот Л.Р. во својство на в.д. директор на јавната здравствена установа Општа болница во Кичево, при донесување одлука за избор на работници медицински сестри-техничари, со искористување на својата службена положба, свесно извршил злоупотреба и пречекорување на службените овластувања.

Пријавениот Л.Р. спротивно на Законот за здравствена заштита избрал кандидатки кои не ги исполнувале посебните услови во претходно распишаниот оглас односно примил кандидатки кои го немале потребниот волонтерски стаж од најмалку една година во општата болница во Кичево. Избраните и примени кандидатки не биле влезени ниту во предложените 18 кандидатки од ранг-листата составена од посебната комисија за селекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top