| четврток, 6 декември 2018 |

Утврден идентитетот на повредените деца и возрасни во сообраќајката кај Катланово

Сите седуммина учесници во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на автопатот Скопје – Велес кај Катланово се при свест, но и натаму остануваат во Ургентниот центар во Скопје.

Најтешко повредена е 30-годишната О.М., сопатничка од „мерцедесот“ со велешки регистерски таблички. Од овој автомобил повреди добиле нејзиниот сопруг, кој го управувал возилото, Љ.М. (33),  и нивниот 10-годишен син.

Во „голфот“ со косовски таблички, исто така, е повредено цело семејство. Л.М. (34), кој го управувал возилото, неговата сопруга Т.М. (31) и нивните две деца, син и ќерка, кои се на возраст од 8 и 5 години.

Несреќата, како што е познато, се случи вчера околу 14 часот на патот Катланово -Велес при директен судир на двата автомобили. Сведоци велат дека косовскиот автомобил возел во спротивна насока на автопатот од Велес за Скопје, најверојатно грешејќи ја делницата, додека „мерцедесот“ претекнувал колона автомобили и возел по левата лента за престигнување, непосредно пред судирот.

Увидна екипа на СВР-Скопје и надлежен јавен обвинител ги утврдуваат причините за несреќата и по завршување на истрагата ќе се знае дали против косовскиот државјанин ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top