Тајфунот Калмеги го погоди денеска кинескиот јужен остров Хајнан, поради што се откажани 69 меѓународни авионски летови, а околу 90.000 луѓе се евакуирани.
Моментно тајфунот се движи во правец на северниот дел од Виетнам, а во текот на ноќта се очекува да го зафати виетнамското копно.
Бурата е проследена од ветрови кои се движат со брзина од 137 до 144 километри на час, соопшти Националниот метеоролошки центар.
Тајфунот Калмеги вчера ги погоди Филипините, предизвикувајќи поплави во кои загинаа најмалку две лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.