| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Турција не купува нафта од муџахедини

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги отфрли тврдењата дека Турција купува нафта од џихадисти од групата „Исламска држава“, јави БТА.

erdogan1

Ердоган при враќањето од посетата на Катар изјави пред новинари дека тврдењата за купување нафта од Исламска држава се многу груби и целосна лага.

Според Ердоган таквите тврдења се целосна новинарска лага. На новинарско прашање за влошување на односите на Турција со САД, Ердоган изјави дека стратегиската соработка со САД продолжува, но со исклучок на хуманитарна помош, од Анкара не треба да се очекува ништо друго.

Ердоган, исто така, нагласи дека продолжуваат напорите на Турција за ослободување на 49 турски дипломати, киднапирани од исламистите на ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top