Синдикатот на германските пилоти соопшти дека пилотите на авиокомпанијата „Луфтханза“ се откажале од најавениот штрајк во Франкфурт.
Синдикатот утрово соопшти дека пилотите на „Луфтханза“ ќе штрајкуваат, но во новото соопштение е објавено дека нема да има прекин во работата.
– Раководството на „Луфтханза“ денеска достави нов предлог за решение на спорот околу пензнионирањето на пилотите. Оваа недела ќе почнат преговори. Затоа нема да има штрајк – соопштија од синдикатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.