Американскиот претседател Барак Обама објави дека ќе испрати 3.000 војници во Либерија за да им помогнат на жителите на таа земја во борбата со еболата, објавија американските официјални лица.
Како што објави „Би-Би-Си“, американската војка треба да изгради нови центри за лекување и да помогне во обуката на медицинскиот персонал. Оваа реакција на Обама доаѓа откако големите сили на светот беа обвинети за бавно дејствување околу овој смртоносен вирус.
Претседателот на Гана Џон Драмани Махама изјави дека е потребна итна и поголема помош од надвор за да се забави ширењето на болеста. Махама исто така го повика светот да ги ублажи рестрикциите на земјите од Западна Африка, кои едвај се борат со еболата.
Целта на американските службеници е да изградат 17 установи за лекување ебола, да обучат 500 медицински работници и да воспостават заеднички команди во Либерија за да може да се координира помошта меѓу САД и меѓународната помош, како и да нудат совети како луѓето да се однесуваат со пациент заболен од ебола.
Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја се земјите што се најпогодени од епидемијата, која досега одзеде 2.400 животи. Светскатата здравствена огранизација откри илјада нови случаи во Либерија.
Еболата се пренесува од човек на човек, со директен контакт со инфицираниот преку крв или друга телесна течност или пак со индиректен контакт, ако има заразени во околината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.