| четврток, 6 декември 2018 |

Блудниот владика Качавенда се правда – јас сум болен, а стриптизерот ме рекетира

Откако српски „Ало“ објави снимка од разговор меѓу развратниот српски владика Василија Качавенда и стриптизерот Дејан Несторовиќ во кој владиката му ветува на соговорникот дека ќе му остави наследство вредно милиони, Качавенда решил јавно да ја раскаже својата страна од приказната. Според него, тој бил жртва на Нестеровиќ, кој го уценувал и рекетирал.

kacavenda

 – Јас немам пари ниту сум богат. Немам сметки во странство туку само една за пензијата што ја примам. Сè што имам е врзано за Црквата и црквената библиотека и тоа ќе остане на Црквата на која и служам 76 години – вели Качавенда, кој додава:
– Во врска со веста морам да нагласам дека ние во црквата ги примаме сите луѓе, дури и психички лабилните, а сѐ со цел да им помогнеме. Ќе бидам јасен. Прогонуван сум на разни начини од страна на споменатиот и примам разни пораки со различна содржина. Причината е што сака да оствари финансиска добивка. За да се ослободам од него на шега му реков дека ќе го спомнам во тестаментот – вели тој.
striptizer
Расчинетиот владика го нарекува Несторовиќ „ретардиран, кој сака да уценува луѓе“.
– Јас сум болен човек со три мозочни удари и Несторовиќ го користи тоа. Неговата методологија е да ги снима луѓето, а потоа да ги уценува. Ова не е првпат да прави такви работи. Тој е психички ретардирана личност. Тој мене ми рече дека сака да се дружи со луѓе што имаат позиции – вели Качавенда.
Пред повеќе од година во јавност протекоа видеоснимки на кои се гледа како тој бакнува во уста младо момче, а потоа следува орален секс под туш. Против пензионираниот владика е поднесена кривична пријава за педофилија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top