| четврток, 6 декември 2018 |

Нови поплави во источниот дел на Србија

Надојдените води во реките по поројните дождови во источниот дел на Србија ги поплавија патиштата и мостовите и предизвика прекин на електричната енергија и телекомуникациската мрежа, при што неколку населени места останаа целосно изолирани.

Петнаесет села во околината на градот Кладово, во близина на романската граница, се отсечени од светот, а околу 20 жители на едно село се блокирани и е невозможен пристапот до нив.

Две лица загинаа во поплавите во Словенија за време на викендот, а стотици луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во Хрватска.

Во големите поплави кои во мај го зафатија Балканот животот го загубија над 50 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top