| четврток, 6 декември 2018 |

Во Виена отворена македонска библиотека

biblioteka-

Македонската културна заедница и Македонската православната црковна општина „Св. Наум Охридски“ отворија библиотека во Виена во која може да се најдат книги од македонски автори преведени на англиски и германски јазик.

Библиотеката располага и со книги на македонски јазик, како и дела од автори кои творат на јазиците од останатите етнички заедници во Македонија. Засега во библиотеката има околу 300 книги, но целта е фондот постојано да се зголемува.

Меѓу книгите се наоѓа и делото „Мојата татковина Македонија“, наменето за децата на иселениците, која содржи куса историја и карактеристики на Македонија.

Во чест на петгодишниот јубилеј на Македонска културна заедница, 23 години од Македонско православна црковна општина Св. Наум Охридски Виена, како 20-годишната од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Австрија, македонскиот амбасадор Ѓорѓи Филипов предаде околу 200 книги на англиски, македонски и на германски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top