| четврток, 6 декември 2018 |

Медведев: Санкциите се тест за силата на Русија

Санкциите, кои Западот ги воведе кон Русија се тест за силата на државата и ние мора да реагираме промислено, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Dmitry Medvedev

– Кога голем број наши партнери ако може да ги наречеме партнери, ја тестираат силата на Русија преку санкции и секакви други закани важно е да не подлегнеме на искушенијата на т.н. лесни решенија и да го зачуваме и продолжиме со процесот на демократизација во нашето општество, нагласи Медведев во говор пренесуван од државната телевизија.

Европската унија и САД минатата недела воведоа нови санкции кон Русија поради нејзината политика кон Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top