| четврток, 6 декември 2018 |

Како да го победите стресот?

couple_break_up

Голем број луѓе се соочуваат со обврски кои треба да ги исполнат во најкус временски рок. Затоа не е ни чудно што многумина се хронично уморни, напнати и нервозни. Ако се препознаете во овие знаци, време да ја спуштите топката и да си дадете починка.

Уморни сте цело време

Тешко го издржувате денот и копнеете за попладневен одмор. Немате сила за некои дополнителни активности, туку само сакате да ја завршите работата и да одите дома.

Изолирани сте од друштвото

Порано сте сакале да се дружите, но сега сте во фаза во која не можете да ги гледате другите, одбегнувате дружења и повици на забави, а ако и отиде, први си заминувате.

Имате негативен став

Секој поминува низ тежок период, но доколку цело време сте негативни, време е да почнете да ги менувате работите и да работите на себе.

Не чувствувате задоволство

Кога активностите кои сте ги сакале повеќе не ве исполнуваат и со задоволство би ги прескокнале, време е за тревога – тоа е предупредување дека стресот навистина ви пречи.

На ништо не се радувате

Секој ден ви претствува мачнина и не ве исполнува. На ништо не се радувате. Станувате се помрзеливи, со грчеви во желудникот, а наместо да се радувате, денот кој е пред вас ви носи само нервози.

Почесто плачете

Плачете почесто отколку порано, лесно е да ве навредат и се ве погодува.

Почесто се развикувате

Стресот влијае на вашето трпение и толеранција и не можете да бидете објективни. Доколку некој ве праша: – Зошто секогаш се развикуваш?, време е да се преиспитате и да сфатите дека „согорувате“.

Имате главоболка

Доколку сте под стрес не е невообичаено често да имате главоболки. Една од причините е тоа што стресот се таложи во вратот и рамената и поради тоа имате главоболки почесто отколку порано.

Имате стомачни проблеми

Доколку ви се повраќа или имате дијареа, причината може да биде и премногу стрес.

Промените го стилот на животот

Ако живеете живот кој ви носи многу стрес, размислете кои промени можете да ги направите, направете ретроспктива на вашиот живот и увудете што ви носи најмногу мир, а што ви предизвикува стрес. Обидете се да се организирате на начин што ќе ви овозможи да се ослободите од најголеми причинители на стресот.

Во здраво тело

Кога сте во физичка кондиција тогаш сте во подобра форма – потолерантни сте и не се чуствувате летаргично и уморно кога работите не одат како што сте замислиле.

Јадете здрава храна, ограничете го внесувањето на кофеин, пијте многу вода, оставете го алкохолот, цигарите и другите пороци. Одлучите да живеете здраво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top