Компанијата за снабдување со електрична енергија ЕДС нуди бесплатна анализа за тоа колку ќе заштедат со либерализацијата на пазарот на електрична енергија до сите компании што ќе им испратат податоци.
– Ги повикуваме сите компании да ја посетат нашата интернет-страница www.eds.mk или да се јават на телефонскиот број на компанијата за да им изработиме бесплатна анализа за тоа колку ќе заштедат со либерализацијата на електрична енергија. Ги повикуваме и да побараат понуди и од другите компании, кои досега освен со декларативни изјави дека имаат ниски цени не излегуваат со конкретни понуди како ЕДС. Причината за тоа е едноставна, само ЕДС со најголема балансна група на пазарот на електрична енергија може да понуди најдобри услови. Нашите клиенти имаат загарантирана цена за времетраењето на договорот, што е во просек 40 проценти пониска од сегашната – велат од компанијата.
Компаниите треба до 15 ноември да го направат изборот за снабдувач со електрична енергија, во спротивно ќе бидат снабдувани во краен случај, односно ќе плаќаат за струја повеќе од сегашната цена. Со менување на снабдувачот, компаниите не треба да менуваат ништо, односно нема потреба од никакво техничко и кадровско приспособување. Броилата, каблите и приклучоците остануваат исти. Без никакви дополнителни трошоци ЕДС ќе ги сервисира сите потребни елементи за менување на снабдувачот. Од 1 јануари следната година сите ќе добиваат фактура истакната во две одделни сметки. Едната ќе се однесува на мрежарината и се плаќа директно на операторот на мрежата. Втората сметка е за потрошената електрична енергија и е издадена од снабдувачот, каде влегува и пазарнината кон МЕПСО.
ЕДС е единствена македонска компанија што има развиена мрежа за снабдување со електрична енергија, брокери со лиценци за електрична енергија, директно снабдување со електрична енергијабез посредник и најголема балансна група на пазарот. Дури 64 проценти од енергијата за македонската индустрија ја обезбедува токму ЕДС. Референтната листа на компании што склучиле договор со ЕДС, достапна на интернет-страницата, најдобро зборува за поволностите од компанијата. Тоа ја прави ЕДС единствена и по најдобрата понуда што ја има кон компаниите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.