Едно лице загина во вчерашното невреме во Солун откако неговото возило било однесено од поплава за време на обилните врнежи што вчера го зафатија градот.
Жртвата (49) возел теренско возило во солунското предградие Ориокастро кога возилото било однесено од налет на дождовна вода.
Неговиот 19-годишен син, кој бил со него во возилото, бил спасен од противпожарна екипа која била повикана на местото на инцидентот. Денеска и утре во повеќе делови на Грција се очекуваат уште врнежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



