ПС Гостивар ја расветли тешката кражба на златен накит извршена на почетокот на месецов во куќата на 54-годишниот Ј.Ј. во гостиварското село Чајле и вчера кривично пријави две лица, 18-годишната С.Ј. од Чајле и нејзиниот врсник А.И. од Чегране.
Двајцата, кои биле во љубовна врска, се сомничат дека на четврти овој месец, во попладневните часови, со возилото на А.И. пристигнале пред куќата на Ј.Ј, инаку чичко на С.Ј. и искористувајќи го отсуството на домашните, влегле низ незаклучената врата, а потоа од регал од спалната одзеле поголема количина разновиден златен накит, чија вкупна вредност се проценува на 4.290.000 денари, или скоро 70.000 евра.
Златниот накит го зел А.И, но при претрес на неговиот дом реализиран со наредба на судија во претходна постапка на 14-ти, пронајден е во дворот на куќата сокриен под едно дрво и покриен со лисја и сено.
Во координација со јавен обвинител, двајцата осомничени приведени се и задржани во Полициската станица Тетово, додека вчера определен им е 48 часовен притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)


