| четврток, 6 декември 2018 |

Се снима мјузикл за Мајкл Џексон

Мајкл Џексон

Кралот на поп-музиката повторно ќе се појави на сцена, но овој пат тоа ќе биде одиграно од страна на  млад актер. Рејмонд Лук Помладиот го игра Мајкл Џексон на млади години, кога беше дел од групата „Џексон фајв“, заедно со неговите четворица браќа.

Младиот актер признал дека не знаел кој е Мајкл Џексон бидејќи е премлад, но напорно учел изминативе години за текот на животот на оваа поп-ѕвезда за соодветно да го долови неговиот лик и дело.

– Сакав да бидам пејач, но не знаев дека овој мјузикл ќе ми биде шанса за да го остварам својот сон. Ќе пеам 6 или 8 песни од Мајкл Џексон во филмот посветен за него. Тоа е огромна  чест, а воедно и успех за мене!

Лук во никој случај не можел да замисли како настапува бидејќи тешко било да поверува дека неговиот талент ќе биде забележан меѓу стотици пријавени. Но, музичкиот директор без двоумење се одлучил за него по само една аудиција во живо и видеото кое го испратил младиот кандидат.

– Мајкл Џексон имаше луда самоувереност, комбинирана со доза наивност. Тој хипнотизира со привлечноста и со харизмата што ги поседува. Не можеш да го удвоиш единствениот, но Лук поседува нешто во него многу слично на Мајкл. Ве тера постојано да се смеете – изјавил главниот директор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top