| четврток, 6 декември 2018 |

Специјален тим против прислушкувачите на Ердоган

erdoganСпецијален тим, кој ќе проверува за евентуално присуство за уреди за прислушување, ќе биде формиран во рамки на обезбедувањето на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, откако слични направи беа откриени во канцеларии на премиерот, објави весникот „Хуриет дејли њуз“.

Тимот ќе вклучува главен инспектор и шестмина експерти од полицијата. Тој ќе го придружува премиерот при посети во земјата и во странство. Проектот бил одобрен од Главната дирекција за безбедност и од Министерството за финансии и ќе почне да работи во најскоро време.

Уреди за прислушување беа пронајдени во Кабинетот на Ердоган во декември. Самиот премиер објави дека бил прислушуван.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top