| четврток, 6 декември 2018 |

Кинезите направија патека за зависни од мобилен (фото)

Сите градови имаат патеки за велосипедисти и мотoри, но во Кина отидоа чекор понапред, тоа е патека за „зависници од мобилни телефони“.

Оваа невообичаена патека постои во градот Чонгкинг, еден од петте најважни градови во државата. Шеталиштето го забележал еден турист што ја фотографирал невообичаената табла и ја поставил сликата на социјалните мрежи.

Сличен експримент направила „Национална географија“ во јули која на една страна на улицата ставила напис „без мобилни телефони“, додека на другата страна на тротоарот користењето било дозволено.

Овој експеримент не успеал нешто посебно, бидејќи најголемиот број на луѓе таблата не ја забележале, имајќи предвид дека биле окупирани со своите паметни телефони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top