| четврток, 6 декември 2018 |

Американците имаат авион за „судниот ден“ (видео)

513400_avion-foto-youtube_ff

Американците развиле посебен модел на авион за „судниот ден“. Станува збор за моделот кој всушност е адаптиран Боинг 747, се вика Е-4Б НАОК. Состаен е од три нивоа и може да прими 112 патници. Горниот дел е управувачки, средниот се состои од конфренциска сала, сала за проекции, кабинет за тимот за операции и простории за одмор. Централниот дел има соба за состаноци и канцеларија за контрола на комуникации и ходник, додека долното ниво е резервирано за сигурносни уреди, дополнителна и посебна опрема за потенцијална несакана опасност.

Авионот има специјален оклоп кој го штити од зрашење, како и 67 антени и сателитски чинии.

Во случај на војна, “-4Б сталнува „Летечки Пентагон“ кој со својата опрема овозможува управување со војската и нуклеарното оружје, како и комуникации со кој било и каде било во светот.

Според изгледот потсетува на претседателскиот модел  но овој модел е уште подобар. Неговата предност и сила се гледа во тоа да може да се заштити претседателот или било кој друг, дури и во случај на нуклеарна војна. Дури и штеди гориво, па може долго време да биде во воздух.

Овој авион наводно го купил Роналд Реган, при крајот на студената војна.

Е-4Б често се спомнува во многу теории на заговор бидејќи постојат тврдења дека токму во овој авион бил сместен командниот центар за координирање на нападите од 11 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top