| четврток, 6 декември 2018 |

Крижевски: Србија нѐ фрли на колена првите пет минути

Репрезентацијата на САД синоќа го освои Светското првенство во Шпанија откако со резултат 129-92 ја декласираше Србија во финалето.

Сепак, „орлите“ добро го отворија натпреварот, во првите пет минути водеа со 15-7, но за кратко Американците дојдоа до серија од 15-0 и ставија точка на неизвесноста на натпреварот.

– Србија одигра одличен турнир, беше неверојатна, во првите пет минути во финалето нѐ фрлија на колена. Бевме подготвени да играме максимално со нив. Потребна е само една грешка и да испаднете, како Шпанија – изјави селекторот на САД, Мајк Крижевски.

Крижевски посебно ја пофали играта на идниот НБА-играч, Богдан Богдановиќ за кого рече дека е голем талент.

– Секоја медала е посебна. Не моравме да ги убедуваме играчите да дојдат, сите сакаа да играат – додаде Мајк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top