| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички се враќа на шампионските патеки, Ренова го изненади Вардар

Фудбалерите на актуелниот шампион Работнички ја победија Брегалница во Штип со 2-1 и потврдија дека нема лесно да се откажат од одбрана на титулата во македонското првенство. Тоа беше единствената победа на гостински тим во седмото коло од Првата лига. Ренова освои бод во Скопје против првиот фаворит за трофејот Вардар. „Црвено-црните“ остануваат лидери со 15 бода, пред Пелистер со 13. Битолчани на домашен терен го декласираа Тетекс со 3-0 и го оставија закован за дното на табелата со два бода. Со идентичен резултат Шкендија му го нанесе првиот пораз на Силекс.

Тетовци имаат 11 бода, идентично како и Металург, екипа што загуби од Турново на гости со 0-1. Силекс е третопласиран со 12 бода, пред Работнички и Турновио со по 10, Ренова со 9 и Брегалница со 3. Последен е Тетекс со два бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top