
За студентите на државните универзитети денеска почнува новата учебна 2014/2015 година.
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми на првиот ден од новата академска година ќе ги посети Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Државниот универзитет во Тетово, а неговиот заменик Спиро Ристовски Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Првиот академски час за академската 2014/2015 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи во кино „Милениум“ со почеток во 11 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


