| четврток, 6 декември 2018 |

Необјавени детали за Џорџ Буш од 11 септември: Прво праша за ќерка му, а потоа за кучето

bush110905_560

На почетокот владееше хаос. Тајната служба не знаеше што да прави, а се појавија информации дека во најтесниот круг на Буш има крт и дека „ер форс уан“ е следна цел, се присетува Ари Флечер, советник на тогашниот претседател Џорџ Буш.

Дик, ние сме во војна, ќе ги најдеме тие што го направија ова и ќе ги растргнеме. Ова е една од првите реченици што американскиот претседател Џорџ В. Буш ја изјавил откако слушнал дека се нападнати Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година. Разговарал со тогашниот потпретсеател Ричард Дик Чејни, кој веќе бил на сигурна локација. Сè што се случувало во првите часови, додека многу работи биле нејасни, ги бележел тогашниот советник за односи на Буш, Ари Флечер. Тој на 13-годишнината од нападите ги подели белешките со јавноста преку својот твитер профил.

За да нема сомнежи во неговите пораки, Флечер сликал една од оригиналните страници од записите, кои инаку ги чува во банкарски сеф. Буш престојувал на Флорида каде што бил во посета на едно училиште и требало да одржи говор за образованието кога стигнала информацијата за надпто на првиот облакодер на Светскиот трговски центар. И тогаш почнал хаосот. Никој не се снашол на почетокот, не знаеше што да направат, а тогаш стигнала веста за напад на вториот облакодер. Флечер потврдува дека тогаш му било јасно дека станува збор за тероризам. Буш тогаш на децата во училницата им читаше книга, но попатно реши (сите информации се пренесувале со шепнување на уво), дека треба да ѝ се обрати на нацијата. Но Флечер тогаш му дал порака на хартија „Сè уште да не се зборува ништо“.

article-1165486-0019696900000578-492_468x426

Буш полетал со претседателскиот авион, а цело време го следеле воени авиони и тоа во непосредна близина што до тогаш не било случај и што дополнително влијаело на лошата атмосфера во авионот. Тогаш почнале нови проблеми. Тоа било време, кога мобилните сè уште не беа многу развиени, поради што комуникациите биле отежнати. Но, успеале да го информираат Буш дека неговата ќерка е префрлена во „сигурна куќа“, а тој тогаш прашал за неговиот пес Барни. Тогашниот шеф на кабинетот Енди Кард одговорил: „Тој веќе њушка по трагите на Осама бин Ладен“. Флечер, исто така, како и сите околу Буш тој ден заклучиле дека е неопходно да се подобри телекомуникациската технологија и истакнува дека денес работите во претседателскиот авион значително се промениети, дека таков проблем веќе не може да се случи. Поради комуникациските проблеми на земјата во „ер форс уан“ не можеле да добијат дури ниту јасна слика на телевизорот. Додека летале над населените подрачја би се појавиле сигнали, може на кратко да се види што се случува, но над ненаселени подрачја сигналот исчезнувал и повторно останувале без информации.

Буш цело време инсистирал што побрзо да се врати дома, но на тоа остро се противеле неговиот шеф на кабинет и шефот на тајната служба. Заклучокот бил јасен „Сè уште не е безбедно“. Сепак, покрај сите комуникациски проблеми, Буш успеал да го добие градоначалникот на Њујорк Рудолф Џулијано и да му честита на реакцијата по нападот повкувајќи се на малкуте информации што ги имал во моментот.

Конечно слетале во базата Офут, а таму веќе бил подготвен „авионот за судниот ден“ леталото кое е посебно подготвени за во случај на можен нуклеарен напад. Тој авион е посебно опремен за таква можност, може да лета без престан со дополна на гориво и подготвен е да поднесе разни експлозии. Флечер истакнува дека не му било сеедно да ја види таа опција на дело.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top