Она што е чудно кај изјавите на Заев е тоа што нема постојаност тој постојано ги менува, така да не можам да предвидам што ќе се случува, дали тоа што го говори ќе биде така или ќе биде поинаку, нема континуитет не само во изјавите, туку и во дејствувањето пред се, се менуваат тактиките на неколку месеци, се чини без концепт, но тоа е нивна работа, а нашата работа е да останеме посветени и да ги исполниме работи кои што сме им ги ветиле на граѓаните.
Вака ги коментираше премиерот Никола Груевски изјавите и дејствувањата на опозицијата и на лидерот Зоран Заев, додавајќи дека за државата е добро кога има силна опозиција.
Секогаш кога има силна опозиција власта е повеќе фокусирана, и секој притисок од опозицијата значително ја зголемува концентрацијата а тоа е добро за државата и за народот, додаде премиерот во вестите на Сител телевизија.
-Независно како ќе се однесува опозицијата ние ќе останеме целосно посветеност и ќе продолжиме си многу работа, добро би ни дошла активна опозиција како и да е, заклучи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата