| четврток, 6 декември 2018 |

Американците најдобри на светот, Српските орли не полетаа во финалето

Со фантастичен процент за шут членовите на американскиот тим од соништата вечерва во Мадрид дојдоа до првото место на светското првенство во кошарка.

Со 63 % ( 30/48) за два поени, 50 % (15/30) за три поени и 83 % (24/28) од слободни фрлања НБА ѕвездите лесно дојдоа до 37 поени разлика против индиспонираните српски играчи кои што не можеа да ја повторат играта против Франција, Бразил и предходно Грција.

За разлика од нив Србија имаше скромен процент од само 20 % за три поени што во предходните мечеви беше нивно најсилно оружје.

Српската селекција потфрли и под кошевите каде Американците имаа 12 скока повеќе (44 – 32).

Финалниот резултат и не можеше да биде поинаков откако во првата четвртина по предноста на Србија од 15 спрема 7 Американците направија серија од 15 коша и уште поважно ја почнаа серијата од 15 тројки во мечот.

Селекторот на Србија Џорџевиќ немаше решение за расположените за шут  Ирвинг (26), Харден (23) и Фарид (12) а кај северниот сосед најефикасни беа Бјелица и Калиниќ со по 18 кошеви како и Богдановиќ кој на крајот дојде до 16 поени.

Во битката за трето место на седумнаесетиот светски шампионат во кошарка вчера Франција ја совлада Литванија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top