| четврток, 6 декември 2018 |

Мирослав Хлинка си го одзеде животот

hlinkaСловачкиот хокеар, Мирослав Хлинка, светски првак од 2002 година извршил самоубиство. Како што пренесоа чешките медиуми, Хлинка животот си го одзел со бесење, а полицијата го потврди случајот без да го соопшти идентитетот на човекот.

Четириесет и двегодишниот Хлинка, кој ја има претставувано и Чешка и Словачка, учествувал на четири светски првенства, а во 2002 година во словачкиот дрес го освои светскиот шампионат.

Хлинка, во изминатиот период беше асистент на тренерот на хокеарскиот клуб на словачка Банска Бистрица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top