| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Штрајкот на СОНК во функција на реизборот на раководството на синдикатот

Nikola-Gruevski-int105-4Премиерот Никола Груевски во вестите на Сител ТВ, посочи дека ја респектира одлуката за штрајк на синдикатот на образованието, СОНК, но и оцени дека таа сега е во функција на задржување на позициите на актуелното раководство на СОНК пред изборите за нови органи во синдикатот.

-СОНК беше синдикат кој континуирано даваше поддршка за проектите на владата, бидејќи велеа дека е и многу повеќе од што очекувале, тоа јавно го говореа, дека ќе се сработи и дека биле многу задоволни. Сега пред еден месец најавија штрајкови. Анализиравме на што се должат тие сменети односи од нивна страна и разбравме дека престојат избори, посочи Груевски.

-Сега и наставниците и сите оние кои се повикани на штрајк се на некој начин или треба да бидат ставени во функција на интересите на раководството на СОНК за реизбор. а за реизбор треба да покаже колку биле тврди, дека нешто издејствувале, постигнале, иако тие самите се свесни дека она штодосега беше направено од оваа влада е многу повеќе од нивните очекувања, тоа јавно го говореа, и точно знаат до каде може и колку може владата да поднесе од нивните барања. Меѓутоа ним им треба сега пред членството, да покажат дека се големи борци, и мислам дека тоа е основниот мотив.

-Јас не велам дека се е розово, далеку од тоа, дека нема проблеми, не велам дека платите не треба да се не за 5 посто, за 500 посто зголемени, и секако дека доколку тоа би можеле би го направиле, меѓутоа работите одат чекор по чекор, како повеќе доаѓаат инвестиции и приходи во буџетот, така повеќе и ние се трудиме да ги зголемуваме платите. Да се потсетиме на едно друго минато пред доаѓањето на ВМРО- ДПМНЕ и оваа коалиција во владата, ние не се сеќаваме ниту на зголемување на плати во администрација, ниту на пензии за пензионери, ниту на социјалната помош. Невработеноста континуирано растеше до некои рекордни европски нивоа. А сега е друго време. Сега и во кризи во време кога соседните држави ги намалуваат платите за осум посто, ги намалуваат пензиите намалуваат други давачки кон граѓаните и кон различни ранливи групи, во Македонија имаме зголемување, додаде премиерот.

-Меѓутоа некому му треба сега да покаже цврстина, силина, борба, за да биде реизбран и понатаму да управува со тоа што управува, и од тој аспект јас не би коментирал ништо повеќе, додаде премиерот Груевски во вестите на Сител ТВ по најавите за штрајк на СОНК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top