Американецот Метју Милер е осуден на шест години присилна работа бидејќи се обидел илегално да престојува во Северна Кореја.
Според судот тој сторил непријателски чин со влезот на територијата на Северна Кореја, преправен како турист.
Милер барал азил во Северна Кореја, но сепак е уапсен. Причините зошто барал азил не се споменати. Уште двајца американци се уапсени во 2012 година. Еден е осуден на 15 години присилна работа заради влегување во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


