Бронзена статуа на Ејми Вајнхаус е откриена денеска во лондонскиот Камден, токму на нејзиниот 31-ви роденден, три години откако почина поради труење со алкохол.
Бронзениот споменик во природна големина го изработи Скот Итон и тој сега се наоѓа недалеку од куќата во која таа почина во јули 2011 година. Статуата ја откри таткото на Ејми – Мич Вајнхаус.
– Емотивно е да се види Ејми која на овој начин стана бесмртна. Скот направи преубава работа и многу веродостојно ја отслика. Како да е запрена во преубав момент. Сакаме оваа статуа да потсети на нејзиниот талент и наследство низ музиката. Таа беше вљубена во Камден и тоа е место кое најмногу потсетува на неа па поради тоа споменикот е поставен токму овде – рече Мич.
Статуата прво требало да се најде на Раундхаус, но е одлучено дека овде ќе биде подостапна и „ќе буди поубави сеќавања“, појасни семејството на Ејми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


