Понеделник, 15 септември, на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е првиот академски час со кој се означува почетокот на новата академска 2014/2015 година.
Ректорот на УКИМ проф. д-р Велимир Стојковски денеска (недела) ќе присуствува на првиот академски час на студентите на Православниот богословски факултет, кој ќе се одржи во манастирот „Св. Јован Крстител“ (Капиштец) во 9, 00 часот.
Во понеделник, ректорот Стојковски ќе присуствува на првиот академски час на студентите на Економскиот факултет, кој ќе се одржи во аулата на Факултетот, со почеток во 11, 00 часот. Обраќајќи им се на студентите на Економскиот факултет, ректорот Велимир Стојковски, симболично со порака ќе им се обрати на новозапишаните студенти на сите факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Студентите три дена кампуваат пред „Стив Наумов“ и Кузман: Списоци има, домовите неспремни за вселување (галерија)
-
Одбележани 67 години од убиството на петтемина струмички студенти
-
Концерт на Македонската филхармонија и студенти од ФМУ
-
Иселените млади ќе ги враќаа, а на студентите им кратат од храната: Владата на СДСМ го укина појадокот во студентските домови