| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска нестабилно со пороен дожд и грмежи

dozdot-zblizuva-g

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и со пообилни врнежи од дожд и електрични празнења, особено во источните делови, каде локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен.
Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени.
Во Скопје и околината променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи и со температура до 25 степени

До среда ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. За овој период се очекува локално да наврнат над 50 литри на метар квадратен дожд.

Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top