| четврток, 6 декември 2018 |

„Кон ѕвездите“ од црвениот килим на „Браќа Манаки“ (фотогалерија)

Нашата вечерашна приказна почна пред половина век кога двајцата браќа од Македонија, од Битола, купија камера и станаа првите филмски сниматели на Балканот. Македонија 35 години е организатор на најстариот меѓународен  фестивал на филмска камера што во нивна чест го носи името „Браќа Манаки“.

zuliet-binos-7

Со овие зборови вечерва во Битола претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов свечено го отвори 35. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

ivanov

Во присуство на претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски и бројни домашни и странски гости, Иванов истакна дека е почестен што е покровител на фестивал со вервни филмски остварувања.

rade-serbedzija

– Уверен сум дека досегашните успеси ќе не мотивираат да трасираме пат кон ѕвездите поплочен со креативност, човекољубие и убавина – порача претседателот Иванов.

zuliet-binos-place-so-nagradata-1

На свеченото отворање беа врачени и трите награди „Камера 300“ на Фестивалот, чие годинашно мото е „Кон ѕвездите“.

Главната ѕвезда на фестивалот Жулиет Бинош емотивно, со солзи радосници  ја прими наградата, а наградени беа и кинематографите Крис Менџис за животно дело и Лука Бигаци за особен придонес во уметноста.

Фото: Ѓорѓи Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top