Американската актерка Кејти Холмс ќе има режисерско деби со филмот „All We Had“, кој говори за односот меѓу една мајка и нејзината ќерка-тинејџерка, кои живеат на работ на сиромаштија.
Како што објави магазинот „Вараети“, покрај како режисер, Холмс ќе се појави и како глумица во овој филм, кој ќе се снима врз основа на истоимената новела на Ени Ведервакс. Холмс, која е поранешна сопруга на Том Круз, се прослави со улогите во серијата „Dawson’s Creek“ и филмот „Бетмен; Почеток“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



