Австралија го доживеа најтоплото лето во историјата, а температурата и натаму ќе расте со глобалното затоплување, соопшти државната агенција за климатските промени. Во најтоплиот ден просечната температура изнесувала 40,3 Целзиусови степени. Четириесет и четири мерни апарати забележале рекордни вредности, на пример во Сиднеј 45,8 степени, што е за половина степен потопло од рекордот од 1939 година. Во текот на приближно еден век мерење на температурата на континентот, само 21 ден просечната температура била повисока од 39 степени, од кои дури 8 ова лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.