По повод 71 година oд ослободувањето на Кичево, Извидничкиот одред „Мирко Милески“ од Кичево ги организира септемвриските извиднички средби „71 година слободно Кичево“ кои се одржуваат од 12 до 14 септември каде зедоа учество извидници од цела Македонија.
Првиот старешина на ИО „Мирко Милески“, Перо Данилоски, синоќа ги отвори извидничките средби на кои учествуваат 120 извидници.
На отварањето беше подигнато одредското знаме на „Мирко Милески“ со извидничката химна „Пламен се дига“. Исто така, се запали и логорски оган, а после тоа следуваше културно-забавна програма.
Денеска се одржува такмичарскот дел од средбите на кој учество зедоа шест екипи кои ќе се такмичат во следните дисциплини: ориентација, минско поле, Морзеј, семафор, врзување на јазли, палење на оган, подигање на шатор и други. Натпревувањата се во две категории: Прва категорија – помлади извидници од 11 до 15 години и втора категорија постари извидници од 15 до 18 години.
Утре е последниот ден од извидничките средби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.













